Алиоски постигна фантастичен гол за Лидс против Норвич (Видео)

Македонскиот интернационалец Езџан Алиоски продолжува со импресивните партии под водство на Марсело Биелса.

На гостувањето  против Норвич, Лидс неочекувано лесно веќе води со 2:0, а удел во двата гола имаше нашиот репрезентативец, Алиоски.

Најпрво Алиоски со глава биеше по одличното проигрување од Ернандез, Крул го одбрани неговиот удар, а топката се одби до Клих кој ја затресе мрежата на домашниот тим за 1:0.

Во 26. минута Алиоски прифати една топка од Кемар Руф и откосо во стил на голем стрелец го совлада Тим Крул.

Инаку ова е втор гол за Алиоски во новата сезона во Чемпионшип лигата. Прилепчанецот има запишано и две асистенции и во моментов се наоѓа во одлична форма.