„Аргентинците не го почитуваат доволно Меси!“

Легендарниот Чилеанец, Заморано смета дека Аргентинците не го почитуваат доволно Меси.

Пред гостувањето на Чиле во Аргентина, во квалификациите за СП, Заморано зборуваше за аргентинскиот играч.

„Ако е Меси од Чиле, тогаш тој би имал споменици по целата држава и ќе добива многу награди.“

„Аргентинците прават разлика помеѓу Меси во Барселона и Меси во реперзентацијата. Во Шпанија тој гледа на една страна и таму го гледа Нејмар, а од другата страна Суарез.“

„Затоа мора да ја следите целата слика. Најдоброто во светот треба да се почитува.“

Аргентина се наоѓа на 5-то место во квалификационата група за СП, 1 бод повеќе има Чиле.