Астрономски бонуси за Тевез во Кина!


Роналдо и со 39 години ја предводи Португалија! ↓↓↓


Во последните 2 преодни рока Кинезите покажаа дека во тој дел од светот не ги штедат парите кога станува збор за донесување на светски ѕвезди. Па така Тевез заработува неверојатни 634.000 фунти неделно.

Играчите како Оскар, Лавеци и Тевез не можеа да ги одбијат понудите од Кина.

Освен тоа што Тевез на годишно ниво добива 17.16 милиони фунти, тој би можел да добие и дополнителни 3.916 милиони фунти за бонуси.

Доколку Шангај успее да стигне до некој трофеј, а тоа е еден од условите, Тевез ќе добие нови 788.000 фунти ако започне повеќе од 70% од натпреварите и уште 390.000 фунти ако е најдобар стрелец во лигата.

Уште 390.000 фунти ако тимот го освои купот, а 788.000 ако дојде до титулата во Супер лигата и 1.56 милиони фунти ако ја освои ЛШ во Азија.