АТП Дубаи – Руска сензација го елиминираше големиот Федерер!

Денес се одиграа натпреварите од турнирот во Дубаи.

Првиот носител на турнирот, Енди Мареј помина многу лесно во наредното коло откако беше подобар од Гарсија-Лопез со 2:0 во сетови, односно 6:2 и 6:0.

Монфилс имаше мали  проблеми против Еванс, но на крајот заслужено стигна до пласман во наредното коло, откако победи со 2:1 во сетови, односно 6:4, 3:6 и 6:1.

Федерер имаше проблеми против Донкси на почетокот, иако го доби првиот сет лесно со 6:3, а во вториот Русинот му направи проблеми, па во тај-брејк беше подобар Донски и мораше да се игра трет сет.

Во третиот сет и покрај големите проблеми на Федерер, изгледаше дека се ќе биде брзо завршено по водството на Швајцарецот од 5:2, но Русинот успешно се врати и стигна до предност од 6:5.

Федерер се разбуди во последен момент, па израмни на 6:6 со брејк на противничкиот сервис. Во тај-брејкот подобар беше Русинот со 7:5, откако успеа да се врати од невозможна ситуација, односно водство од 5:1 на Федерер.

Останати резултати:

Медведев – Колшрајбер 0:2
Баутиста – Вердаско 1:2
Мариус – Поули 0:2
Бердих – Хасе 1:2
Гранољерс – Џумхур 0:2