Ајнтрахт Франкфурт најде нов тренер

Управата на Ајнтрахт од Франкфурт си најдоа замена за Нико Коваќ.

Иако се мислеше дека во клубот ќе пристигне Славен Билиќ, во последни моменти се случи пресврт и доверба му беше дадена на Ади Хетер.

Хетер со Франкфурт потпиша договор до 2021. година, а последниот ангажман го имаше во Јанг Бојс, со кој го освои шампионскиот трофеј.