Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некогашниот тренер на Баерн од Минхен Отмар Хитцфелд смета дека овогодишниот Баерн е подобар од тој од претходната сезона кога оваа екипа ја водеше Пеп Гвардиола.
Како што крајот на сезоната се доближува, така на ред доаѓаат и одлучувачките натпревари во борба за трофеј, а Хитцфелд смета дека Баерн е спремен да направи голема разлика.
„Екипите на Анечелоти до врвна форма доаѓаат поголем дел во април или мај и се чини дека токму сега е на таа патека. Мислам дека Баерн има нешто подобра екипа, а и под водство на Анчелоти тоа нешто подобро изгледа. Тој повеќе ротира играчи и подобро ја поделува минутажата во екипата отколку што тоа го правеше Гвардиола“, рече Хитцфелд.
Да потсетиме, Баерн во моментов игра против Борусија од Дортмунд, а само неколку дена подоцна против Реал Мадрид.