Балотели се враќа во Италија и ќе му биде соиграч на Пандев!?


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Уште од почетокот на летото се шпекулира за тоа каде Марио Балотели ќе ја продолжи кариерата, а италијанските медиуми пишуваат дека Италија ќе биде неговата наредна дестинација.

Темпераментниот Италијанец повеќе нема да добие минутажа во француска Ница, каде што тренерот Патрик Виеира го отпиша до крајот на сезоната.

Балотели, наводно, би можел да се пресели во Џенова, за која настапува македонскиот репрезентативец Горан Пандев.

Италијанецот има 28 години и сигурно може да одигра уште некоја сезона на врвно ниво, но останува прашањето за кој клуб ќе го направи тоа.