Без измени во врвот на АТП листата

    На АТП листата немаше никакви измени во однос на претходните недели, Енди Мареј влезе во својата втора недела како светски тениски лидер додека Ѓоковиќ е на второто место со 405 поени помалку од него.

    Мареј денес во вечерните часови ќе го игра својот прв натпревар на Мастерсот во Лондон, а Ѓоковиќ вчера успеа да го победи Тим со 2:1 во сетови.

    АТП листа:

    1.Енди Мареј – 11.185
    2. Новак Ѓоковиќ – 10.780
    3. Станислав Вавринка – 5.115
    4. Милош Раониќ – 5.050
    5. Кеи Нишикори – 4.705
    6. Гаел Монфилс – 3.625
    7. Марин Чилиќ – 3.450
    8. Рафаел Надал – 3.300
    9. Доминик Тим – 3.215
    10. Томас Бердих – 3.060