Бекам сака да го ангажира Роналдо во својот тим!?

Малкумина очекуваа дека Кристијано Роналдо ќе се приклучи на Јувентус по девет сезони поминати во Реал Мадрид, но тоа го направи на крајот и потпиша тригодишен договор.

Роналдо е ангажиран во Торино за да им помогне за освојување на трофејот во Лигата на шампиони, а ако се случи тоа во наредните две години, Португалецот би можел порано да замине од клубот.

Бекам вчера го претстави грбот и боите на новиот клуб. Интер Мајами ќе се натпреварува од 2020. година и прва голема желба на Англичанецот е Роналдо.

Роналдо тогаш ќе има 35 години и уште една година од договорот со Јувентус. Многу е можно токму тогаш да го напушти тимот затоа што Бекам ќе се обиде да го осигура неговиот потпис.