Билиќ има два натпревари да ја сочува позицијата

Сопствениците на Вест Хем одлучиле дека Славен Билиќ ќе остане менаџер на тимот само доколку обезбеди позитивни резултати против Тотенхем во Карабао купот и против Кристал Палас во рамките од Премиер Лигата.

Работата на Хрватот е под знак прашалник по катастрофалниот пораз од Брајтон на домашен терен.

И покрај неколкуте одлични трансфери ова лето, како Чичарито, Арнаутовиќ и Харт, клубот победи на само два од деветте натпревари оваа сезона и се наоѓа на 16. место на табелата.