Борусија Дортмунд најде замена за пензионираниот Вејденфелер!

Конкуренција на Роман Бурки во наредните сезони ќе биде неговиот сонародник Марвин Хиц.

Поранешниот капитен на Аугсбург потпиша договор со Дортмунд до 2021. година. Хиц има 30 години, а кариерата ја почна во Сент Гален.

За Аугсбург бранеше во претходните пет сезони, а интересно е тоа што постигна и еден гол во Бундеслигата и го спаси својот тим од пораз.