Будимпешта се откажува од ОИ 2024

Портпаролот на владата на Унгарија потврди дека Будимпешта ќе се откаже од кандидатурата за организација на ОИ 2024 година.

Повеќе од 260.000 луѓе потпишаа петиција против кандидатурата, чии противници повеќе пати рекоа дека парите би требало да бидат потрошени на болници и училишта.

Покрај Будимпешта, кандидатура поднесоа само Лос Анџелес и Париз, бидејќи Хамбург се повлече од трката во 2015-та година.

Меѓународниот олимписки комитет ќе го избере домаќинот на ОИ во септември оваа година.

Портпаролот на Унгарија, Золтан изјави дека одлуката за откажување од кандидатурата е донесена по состанокот помеѓу премиерот Орбан, градоначалникот на Будимпешта, Тарлош и претставник од комитетот.

Унгарија е единствена од 10-те најуспешни земји на ОИ која никогаш не била домаќин на ОИ.