Вардар ги запали моторите

Тимот на Вардар по првата прозивка, денес започна со тренинзи во тренинг кампот на ФК Вардар во Хиподром.

На првиот тренинг не се појавија Гачевски, Спировски, Џигаури, Којашевиќ и Барсегјан на кои им беше даден дополнителен одмор поради репрезентативните обврски, додека бразилците Џонатан Боарето и Хуан Фелипе во стројот ќе се приклучат во следните неколку денови.

Од тимот секако отсуствуваат младите репрезентативци на Македонија, а изненадувачки е фактот што на првата прозивка се појави и Ацо Стојков кој долго време беше „замрзнат“ од стручниот штаб на Вардар и тренираше со младинските категории на клубот.

На тренингот исто така отсуствуваше Горан Попов кој веројатно ќе бара нова средина и нема да продолжи со Вардар во следниот период.