(Видео) Бонучи го теши расплаканиот Донарума по „нападот“ од фановите на Милан

Фановите на Милан денес истакнаа транспарент со кој жестоко го нападнаа нивниот голман, Џанлуиџи Донарума.

Младиот голман повторно побарал да замине од клубот, а тоа не му го простија миланезите кои на натпреварот против Верона истакнаа транспарент на кој пишуваше: „Психолошко насилство со давање 6 милиони евра по сезона и трансфер на твојот брат паразит? Време е да заминеш…нашето трпение со тебе е готово“.

Младиот голман не можеше да ги задржи солзите по ваквиот настан по што беше тешен од капитенот на тимот Леонардо Бонучи.