АТП наводно размислува за нова смена на правилата за консултации со тренерите.
Таквото нешто е дозволено во женскиот тенис, а едно од главните прашања оваа сезона беше дали и во машкиот тенис ќе се дозволи вакво нешто.
ВТА во своите правила дозволува тенисерките да го повикаат својот тренер и да зборуваат со него. Тоа е дозволено на сите турнири освен на Грен Слемови.
Изгледа дека измена во правилата на машкиот тенис е возможно, а најинтересно е тоа што досега тренер можеше да биде казнет поради консултации со тренерот. До судијата е да одлучи дали тенисерот заслужува само казнен поен, одземање на гејм или доделување на победата на неговиот противник.
И покрај тоа, скоро сите тенисери на различен начин комуницираат со својот тренер, но судијата повеќе не ги предупредува поради тоа.















