Во Манчестер може да здивнат, Реал пронајде нов голман


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Конечно по неколку години константни трансфер шпекулации се наѕира крајот на трансфер сагата околу трансферот на Давид Де Геа на „Сантијаго Бернабе“.

Имено, според шпанскиот весник „Марка“ од Реал Мадрид сериозно планираат во своите редови да го донесат одличниот чувар на мрежата на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалага.

Договорот на младинскиот репрезентативен голман на Шпанија со Атлетик Билбао истекува следното лето и тој на „Бернабе“ би се преселил како слободен агент.