Втор меморијален турнир во мал фудбал "Валентин Стефановски" Демир Хисар 2016

    Пред нешто повеќе од една година не напушти поранешниот организатор на Турнирот во мал фудбал во Демир Хисар.

    Турнирот веднаш после неговата смрт беше преименуван во Меморијален турнир во мал фудбал “Велентин Стефановски” Популарниот Тинко или Аршавин како што милуваа да го викаат љубителите на фудбалот беше поранешен играч на ФК Вардино, ФК Новаци и ФК Могила.

    Си замина многу брзо наш пријателе. Сите со молк и неверување ја примивме веста која стигна во утринските часови. Тинко веќе го нема, замина во својот вечен дом но тој ќе продолже да живее во нашите срца.

    Организатор: Здружение на граѓани Валентин Стефановски Генерален Спонзор: Општина Демир хисар.