ГН Шпанија: Лоренцо најбрз на тренинзите во Валенсија

    Шпанскиот возач Лоренцо постигна најдобри времиња на тренинзите во Валенсија, пред трката со која ќе заврши сезоната во Мото ГП.

    Возачот на Јамаха на првиот тренинг извозе круг со време 1:31.045 додека на вториот тренинг беше уште подобар, односно имаше време од 1:30.463.

    Лоренцо ја вози последната трка за тимот на Јамаха, бидејќи од наредната сезона ќе вози за Дукати.

    Шампионот од оваа сезона Марк Маркез на моторот на Репсол Хонда постигна резултат 1:31.442 на првиот тренинг додека на вториот имаше време од 1:30.710.

    Трет со најдобро време беше Маверик Вињалес на Сузуки, кој возеше најбрзи кругови со време 1:31.926 и 1:30.775.

    Квалификациите за последната трка се вози во сабота од 14:10 додека финалето се вози во недела од 14:00.