Головите ги постигнаа Ловрен и Хендерсон, но херој на Редсите е овој човек!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во дербито од петтото коло од Премиер лигата славеше Ливерпул а одличен меч одигра дефанзивец на гостите.

Дејан Ловрен прво постигна гол во мрежата на Челси, а Хендерсон со голот веќе во првото полувреме донесе голема предност на гостите.

Челси се врати со голот на Диего Коста, петти во сезоната, но мрежата на Миноле од тој гол до крајот на дуелот мируваше.

Еден од најзаслужните за тоа беше стоперот на Ливерпул, Џоел Матип.

Камерунецот кој дојде во ова лето, како голема желба на Јирген Клоп и тоа без оштета, го одигра најдобриот меч во дресот на тимот од Енфилд.

Одличниот Матип имаше успешни додавања од речиси перфектност од 95 %, го доби речиси секој важен дуел, изблокира четири шута на Сините, а забележа и три успешни старта!

Маестрална партија на дефанзивецот, Мињоле и Каријус повеќе не мора да се грижат, бидејќи Матип од сега им го чува грбот.