„Го сакавме Балотели, а Роналдињо не ни беше ниту во плановите„

Претседателот на Пескара ги демантираше медиумите кои пишуваа дека Пескара сака да го ангажира Роналдињо.

Пескара се врати во Серија А, па така ова лето што е зад нас тимот од Пескара го поврзуваа со играчи како Бориело, Освалдо, Роналдињо и Балотели.

„Шпекулациите за Роналдињо се лажни, Бориело и Осваалдо не ни беа во планови, а Балотели, него го сакавме“ – изјави Даниел Себастини инаку прв човек на Пескара.

Балотели е нов играч на Ница, а Роналдињо е без клуб.