Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер со години веќе игра лошо, а тренерите се менуваат постојано додека незадоволството кај навивачите се повеќе се зголемува. Последен во низата на разочарувања е поразот од Сасуоло во Милано.
Гигантот од италија во летната пауза ќе се обиде да направи драстични промени во тимот, но прва задача е да се донесе тренер кој ќе се обиде да го крене Интер на високо ниво.
Според медиумите, по неуспешните преговори со Конте и Симеоне, Интер е заинтересиран за Покетино.
Интер наводно е подготвен да му плати 10 милиони евра по сезона, а истиот извор споменува дека новиот спортски директор на клубот Сабатини пред неколку месеци разговарал со овој тренер.
Доколку тој одлучи да се пресели во Италија, Интер ќе мора да му плати на Тотенхем 5 милиони евра.
Гигантот од Милано е во серија од 4 порази во првенството и на 2 кола до крајот се наоѓа на 8-то место со 29 бодови помалку од Јувентус.