Две нови засилувања за новиот Премиерлигаш Хадерсфилд

Доста зафатен ден во таборот на Хадерсфилд кога во прашање се трансферите на клубот.

Новиот Премиерлигаш денес обелодени два трансфери откако ги официјализира доаѓањата на Дени Вилијамс и Кејси  Палмер.

Играчот од средниот ред Дени Вилијамск потпиша двегодишен договор со клубот, а доаѓа како слободен агент откако претходната сезона со успех го носеше дресот на Рединг.

Палмер пак доаѓа на сезонски заем од редовите на Челси. Талентираниот играч и минатата сезона беше дел од тимот на Хадерсфилд исто така како позајмен фудбалер од Челси.