Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓
Еден од најважните играчи во екипата на Жозе Мурињо, искусниот Ешли Јанг наскоро ќе потпише нов договор со Манчестер јунајтед.
Јанг сезонава одигра седум натпревари во сите натпреварувања, а дури ја носеше и капитенската лента во некои дуели.
Неговиот договор завршува наредното лето, а Јунајтед во март годинава напраив грешка и тогаш го продолжи неговиот договор на само една година, па сега се повторно во проблеми.
Овој 31-годишен фудбалер заработува 130.000 фунти неделно, а подготвен е да потпише нов договор на уште две години.
Јанг кариерата ја почна во Вотфорд, а потоа за осум милилиони фунти премина во Астон Вила, па во 2011. конечно пристигнува на „Олд Трафорд“.