Ждреб за Афрички куп на нации

    Без групи на смртта на ждребот за Афричкиот куп на нации, кој оваа зима ќе се игра во Габон.

    Брегот на Слоновата коска ја брани титулата и во група Ц ќе игра против Конго, Мароко и Того додека најинтересно би можело да биде во група Б каде што Алжир игра против Сенегал, Тунис и Зимбабве.

    Домаќинот Габон ќе игра против Буркина Фасо, Камерун и Гвинеја додека во група Д Гана ќе игра против Мали, Египет и Уганда.

    Турнирот ќе се игра од 14 јануари до 5 февруари.