За легендaрниот Марадона нема сомнеж: Заминува во Манчестер да учи од најдобриот, Мурињо или Гвардиола?!

Легендарниот Аргентинец планира да мине некое време во Манчестер за да учи од најдобриот.

Едно од најголемите тренерски ривалства на денешницата е она ривалство помеѓу Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола.

Во последно време, Шпанецот има повеќе успеси, ја освои титулата во Премиер лигата во доминантен манир изминатата сезона, оваа повторно е на чело на табелата и неодамна неговите „Граѓани“ лесно славеа во дербито против „Ѓаволите“ на Мурињо.

Португалецот неретко е критикуван поради партиите на Манчестер Јунајтед, како и слабите резултати оваа сезона, додека на Гвардиола многумина му го додаваат приедесталот како голем револуционер и еден од најдобрите во својата работа на сите времиња.

„За мене Мурињо е најдобар. Би му дал заслуга на Пеп за тоа што го искористи залетот кој му го даде Јохан Кројф. Повеќе пати сум кажал, Гвардиола не го измисли тик-так. Тоа го направи „Флако“ Кројф. Во овој момент, Пеп има можност да го одбере кој играч и да го посака. Така работата е полесна“, истакна Марадона.

Легендарниот Аргентинец моментално го предводи мексиканскиот второлигаш, Дорадос, а се верува дека се уште има простор за напредок.

Запрашан дали би сакал да работи во Шпанија, Марадона изјави дека би сакал, но само во случај да е долгорочен проект во прашање, но и тој пред се сака да замине во Манчестер каде ќе може да учи од Мурињо.

„Јас како тренер морам да научам уште многу и мислам дека ќе заминам во Манчестер кај Мурињо и ќе го прашам многу работи. Бидејќи тој без сомнеж е најдобар“, додаде Аргентинецот.