За навредливи пораки на „Олд Трафорд“ ќе се оди во затвор!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На „Олд Трафорд“ за викенд ќе се игра големото дерби помеѓу Јунајтед и Ливерпул.

Натпреварот помеѓу овие 2 тимови секогаш носи провокации и навреди, а нивниот натпревар во ЛЕ од минатата година остана во сенка по навивачките нереди.

Главна тема на пораките е и навредата за трагедијата на Хилсборо, кога во 1989 година починаа 96 навивачи на Ливерпул, а извори блиски до клубот тврдат дека за исти такви пораки ќе се оди во затвор.

Неделното дерби се смета за настан од највисок ризик, па така цел ден во околината на стадионот ќе биде забранета продажба на алкохолни пијалоци.