Зек Рендолф уапсен во Л.А. поради посед на марихуана

 

Новиот регрут на Сакраменто Кингс изгледа дека не можеше да се спаси од неволји додека летуваше во Калифорнија, па вчера беше уапсен од локалната полиција поради посед на марихуана и кон него беа поднесени обвиненија дека “имал намера да ја продава” поради големото количество кое го носел со себе.

 

Доцна во средата навечер полицијата ги пресретнала Зек Рендолф и неговото друштво како конзумираат марихуана на отворено и откако пробале да ги приведат, толпата почнала да ја напаѓа полицијата при што полицајците биле приморани да викнат засилување. Откако дошло засилувањето ситуацијата ескалирала и пријавено е дека се оштетени 6 полициски автомобили.

Во акцијата на толпата и биле одземени 2 пиштоли, големо количество на марихуана, неколку илјади долари, како и два автомобили.

Кауцијата за Рендолф е одредена на 20 000 долари.

 

Зек Рендолф летово потпиша договор со Сакраменто Кингс каде во наредните две години ќе заработи 24 милиони долари.