Зидан е во големи проблеми пред натпреварот со Тотенхем!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан има доста проблеми во составањето на тимот за натпреварот со Тотенхем во среда.

На листата на повредени се Кејлор Навас,  Даниел Карвахал, Герет Бејл а сега под знак прашалник за овој дуел се и Иско и Рафаел Варан.

Карвахал се врати на тренинзи но мали се шансите да игра против Тотенхем кој пак најверојатно ќе играат без лидерот во нападот, Хари Кејн кој го пропушти и дербито со Манчестер Јунајтед.

Натпреварот е во среда од 20:45 на Вембли.