Зидан се врати: Ова е новиот ростер, па за овие имиња повеќе нема место во таборот на Реал Мадрид

Зинедин Зидан според пишувањата на „Марка“ има јасна идеја околу засилувањата, поточно играчите кои би можеле да дојдат предвид кога Реал е во прашање.

Веќе е познато, дека неколкумина играчи би можеле да се најдат во новиот ростер, а многумина имаат интерес за тоа кој ќе замине.

Од играчите во втор план, веројатно нема да има место за Валјехо, Валверде како и Лјоренте. Покрај тоа Ковачиќ нема да се врати од Челси, а Себајос не е почитуван од Зидан. Крос, Модриќ и Каземиро остануваат опции, покрај Иско и Асенсио.

Со Марсело следната недела ќе биде направен разговор кој би можел да резултира со нов договор, а останува да се види што ќе се случи со Бејл, од него би сакале да се ослободат, но проблемот е обештетата и неговата плата.

Сега го нема Роналдо, па од Зидан се очекува да го подигне Велшанинот.

Бензема и Винисијус не се доведуваат во прашање, Маријано Лопез ќе замине, а во клубот ќе се врати Раул Де Томас кој е на позајмица во Рајо Валекано. Тешко е дека истото можеме да го кажеме за Тео Ернандез, а веројатно нема да има место ниту за Брахим Дијаз кој е купен од Сити. Ниту Одегард нема да се врати, ако стигне понуда од Ајакс, Реал сигурно ќе ја прифати.

Ќе остане и Навас кој ќе има повеќе шанси да брани, односно ќе почне следната сезона рамноправно со Куртоа, а третиот голман ќе биде синот на предводникот, Лука Зидан.