Зидан ќе го „чисти“ тимот во јануари!

    Да купуваат не можат, но Французинот има план, не се откажува од тоа да го намали играчкиот кадар. Четири играчи се пред излезните врати, а би можел да стигне еден, тој кој им недостига…

    Без оглед на тоа што Реал нема да може да купува играчи, клубот сака да се ослободи од 4 играчи.

    Не станува збор за намалување на трошоците, туку Зидан верува дека има премногу фудбалери и дека некои би напредувале ако го напуштат клубот.

    Таков е Маријано, тој би можел да оди на позајмица некаде, не е толку млад, се зборува за Алвеш.

    Освен овој фудбалер, Реал би можел да го напушти и Силва. Тој би требало да замине во Спортинг.

    Трет на листата е Коентрао, него го нема во тимот, дури и кога Марсело не игра, тој не е во конкуренција.

    И на крајот останува уште еден играч за врска, тоа не е ништо ново, Иско или Родригез. Двајцата знаат дека се во втор план. Иско неодамна изјави дека е под притисок да замине, а тоа би можел да го направи во јануари.

    Па така, 3-ца заминуваат, ќе се врати најверојатно Љоренте, да потсетиме, ако казната остане, ниту на лето нема да може да прават трансфери, освен играчи кои се на позајмица…