„Играчите на Лестер го разочараа Раниери!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот капитен и легенда на Ливерпул, Стивен Џерард смета дека играчите на Лестер не го почитуваа својот поранешен тренер Раниери и смета дека се најодговорни за неговиот отказ.

Лестер под водство на Раниери изгуби 5 натпревари по ред во ПЛ, а тоа донесе до негова смена, а по доаѓањето на Шекспир тие имаат 2 победи по ред.

„Мислам дека играчите на Лестер го разочараа тренерот. Покажаа голема непочит кон него, а тоа го потврдува карактерот и желбата со која се бореа во минатите два натпревари по неговото заминување. Пред 2 недели никој не сакаше да се помести.“

Лестер се наоѓа на 15-то место во ПЛ со 5 бодови повеќе од зоната на испаѓање. Во ЛШ ги очекува реванш натпревар против Севиља, а резултатот од првиот натпревар беше 2:1 за Севиља.