Игуаин го напушти тренинг центарот на Јувентус (ВИДЕО)


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Напаѓачот на Јувентус го напушти тренинг центарот на Јувентус и се очекува вечерва да пристигне во Милан.

Како што и претходно се шпекулираше, во пакет со него пристигнува и Матија Калдара, а во спротивен правец ќе замине Леонардо Бонучи.

Италијанците пишуваат дека лекарските прегледи ќе бидат закажани во 08.00 часот, додека Калдара ќе оди на прегледе еден ипол час подоцна.

Инаку, „росонерите“ го ангажираат Игуаин прво на позајмица за 18 милиони евра со можност наредното лето да го платат дополнителни 36 за да го откупат.