Иниеста призна: Бев во многу голема депресија кога ја освоивме тројната титула!

Еден од најдобрите фудбалери за врска на сите времиња, Андрес Иниеста, најдобрите денови во кариерата ги помина во дресот на Барселона, додека потоа настапуваше и во Јапонија.

Иниеста е дете на Барселона и еден од фудбалерите од Ла Масија, кој донесе многу радост кај навивачите на клубот, но и на фановите на селекцијата на Шпанија.

Иако со Барселона и Шпанија освои многу трофеи, сепак имало моменти и кога воопшто не му било лесно.

Иниеста призна дека имал проблеми со депресијата пред девет години во сезоната 2009/10  по тројната круна во 2008/09.

„Откако ја освоивме тројната круна со Барселона следуваше тежок период за мене и навистина се борев со депресија. Имаше денови кога едвај чекав да завршат натпреварите или тренингот и да заминам дома. Пиев апчиња кои ми помагаа да одморам повеќе“, кажа Иниеста.