Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Почетокот на 2018-та година ни донесе голем трансфер во светот на фудбалот, затоа што Кутињо за 160 милиони од Ливерпул премина во Барселона.
Околу 3 милиони од овој трансфер ќе заработи и Интер кој пред десет години го купи Кутињо од Васко Де Гама. Кутињо беше голема надеж на Интер, но таму не доби вистинска шанса.
Интер неколку години подоцна го продаде на Ливерпул за скромни 13 милиони евра, а Бразилецот наскоро им покажа каква грешка направиле. Меѓутоа, Интер во претходните 20 години покажа како еден клуб не треба да работи, затоа што имаше неверојатни промашувања со продажбите на фудбалери.
Клубот од Милано е познат по тоа што знае да препознае талентиран фудбалер, но проблем е тоа што Интер никогаш не го искористува нивниот целосен потенцијал и го пушта фудбалерот во некој друг клуб. Кутињо е само дел од фудбалерите со кои Интер направи грешка.