Какво размислување - Ја доведуваат легендата да ги утешат навивачите

Иако имаше фантастична сезона во Португалија, Икер Касиљас кариерата ќе ја продолжи во Франција.

Касиљас бранеше фантастично минатата сезона во дресот на Порто, но не е исклучено искусниот голман да се пресели во Марсеј.

Андони Зубизарета беше ставен за спортски директор на Марсеј, а познато е каков однос има со Касиљас и тоа е причината зошто францускиот новинар, Бертранд Латур изјави дека Марсеј е сериозно заинтересиран за Икер Касиљас.

Касиљас има договор со Порто до јуни 2017-та година, а постои опција да го продолжи на уште една. Па ако го сакаат, Марсеј мора да почне да преговара.

Марсеј има ужасна сезона и сопствениците на клубот со доведувањето на Икер Касиљас сакаат да ги утешат бесните навивачи и да им ја вратат надежта во подобар и посилен клуб од Велодром.