Каков баксуз: Бразилец падна на медицински прегледи пред потпис за Барселона

Каталонскиот гигант Барселона реши  во јануари да го засили дефанзивниот дел од тимот, па вчера ја потврдија позајмицата на Жеисон Мурилјо од Валенсија, а Ернесто Вавлерде сакаше уште еден фудбалер.

Наводно постоела можност бразилскиот фудбалер од Сао Паоло, Родриго Кајо, да се пресели во Барселона, иако за него интерес покажа и Милан.

Каталонците го имале последниот збор, зашто наводно успеал да стигне на прегледи, но не ги поминал прегледите.

Кајо во претходните сезони можел да се пресели во Атлетико Мадрид и Валенсија, но не ги поминал медицинските прегледи.