Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Вест Хем, Енди Керол би можел во лето да го смени клубот.
Според медиумите, раководството на Вест Хем дозволило овој играч да преговара со три кинески клубови.
Тијанџин, Хебеи и Шандонг го сакаат во свои редови наредното лето, а Вест Хем е подготвен да го продаде.
Наводно Кинезите се подготвени да го донесат Керол и во наредните 2 денови, затоа што рокот за трансфери им завршува во вторник, но Вест Хем нема намера до лето да го пушти овој фудбалер.
Керол е сопственик на еден од најголемите трансфери во историјата на ПЛ.
Ливерпул за него плати 40 милиони евра на Њукасл, но тој никогаш не ги оправда вложените пари.
Потоа премина во Вест Хем. Таму поради голем број на повреди не играше премногу, но оваа сезона покажа дека станува збор за добар играч.
Погоди 6 пати на 12 натпревари, но по се изгледа ќе замине во Кина.
Тие се подготвени да му плаќаат 130.000 фунти неделно.