Конте со 200 милиони и 3 засилувања ќе ја напаѓа титулата во ЛШ!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Италијанецот ги реши сите дилеми, има многу јасен план. Прво титула во Англија, па потоа во ЛШ. Ова се 3-те мети.

Конте ги реши приказните за Интер со изјавата дека има намера да остане во Челси, но и дека неговата наредна работа нема да биде враќање во Италија.

Тренерот на Челси чека да заврши ПЛ, екипата е блиску до титулата, а потоа следува напад на ЛШ.

„ЛШ мора да стане наш терен. Челси не смее да биде надвор од ова натпреварување.“

Тоа што се знае е дека клубот е подготвен да вложи околу 200 милиони евра во нови играчи за новата сезона.

Метите се стопер, Кулибали кој сигурно ќе чини околу 60 милиони евра, потоа Ројс од Дортмунд кој има уште поголема цена и Видал за кој се зборува дека веќе е договорен трансферот.

Конте нема намера да донесува многу играчи, па се верува дека ако нема заминувања, тука пред се `се мисли на Фабрегас и Коста.

Потребно е да се реши голманското прашање, ќе видиме дали Куртоа ќе остане во тимот.

Вечерва Челси игра против Вест Хем. Челси има 7 бодови повеќе од Тотенхем и натпревар помалку.