Лампард ги избра најтешките три противници


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендата на Челси откри дека Џерард, Чави и Иниеста биле трите играчи за врска против кои најтешко се игра.

Неодамна тој се пензионираше од фудбалот, откако не доби примамлива понуда за продолжување на кариерата.

Често Лампард играше против Џерард и откри дека било многу тешко.

„Џерард имаше се. Ако имаше свој ден, можевте да заборавите дека ќе го поминете, затоа што беше силен играќ. Посебно кога се играше на нивни терен, знаевме дека тој има свој натпревар и дека тешко ќе се помине покрај него.“

„Да се отиде во Барселона и да се обидувате да бидете блиску до ннив цели 90 минути беше многу тешко. Беа големи мајстори со топката Чави и Иниеста.“

Лампард за Челси одигра повеќе од 600 натпревари и постигна 211 голови, а тоа го прави најдобар стрелец на сите времиња на клубот.