Леверкузен му даде отказ на Шмит, Арсенал го чека со раширени раце?!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Германскиот тренер Роџер Шмит повеќе не е тренер на Леверкузен откако доби отказ по поразот од Дортмунд во 23-то коло од БЛ.

Леверкузен  беше поразен со 6:2 по што управата реши да ја прекине соработката со 49-годишниот Германец, кој првиот тим го водеше од 2014-та година.

Баер ја игра најлошата сезона во последните 14 години и моментално се наоѓа на 10-то место на табелата со 11 бодови помалку од 4-то место кое води во квалификациите за ЛШ.

Германските медиуми во декември пишуваа дека Леверкузен го контактирал тренерот на Хофенхајм, но набрзо се беше демантирано.

Шмит ја започна тренерската кариера во Делбрикер, но набрзо преку Минстер и Падербон стигна до Ред Бул Салцбург, каде го освои шампионатот и купот на Австрија во 2014-та година.