Лина Ѓорческа после три сета стигна до победа против Савчук

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа ја победи украинката Олга Савчук во квалификацискиот натпревар за ВТА турнирот кој ќе се одржи во швајцарски Биел во три сета, 1:2.

Во првиот сет се играше гем за гем се до резултатот 2:2. Ѓорческа во петиот гем имаше три брејк топки на сервис на Савчук и ја искористи третата за да стигне до водство, 2:3. Тетовчанката во седмиот гем направи уште еден брејк за 2:5. Кога сервираше за сет Ѓорческа беше сигурна, 2:6.

Украинката во четвртиот гем направи брејк, 3:1. Лина набрзина врати со иста мерка, 3:2. На сервис на Ѓорческа, Савчук имаше една брејк топка која ја искористи за зголемување на водството на два гема, 4:2. До крајот на првиот сет Савчук остана сигурна на свој сервис и израмни во сетови, 1:1, а вториот сет го доби со 6:3.

Лина во вториот гем од третиот сет пропушти пет брејк топки. Затоа во четвртиот гем на и дозволи на Савчук на свој сервис да земи поен, 1:3. Во следниот гем Савчук ја искористи единствената брејк топка за намалување на 2:3. На сервис на украинката, македонската тенисерка и дозволи да освои само еден гем, 2:4. Ѓорческа направи брејк во осмиот гем за победа на денешниот натпревар, 2:6.

 

Лина Ѓорческа во следното коло ќе игра против Диана Марцинкевица од Латвија која денес изненадувачки во три сета ја победи Комардина. Латвијката се наоѓа на 296-та позиција на ВТА листата.