„Лукаку ќе биде подготвен за Сандерленд“

Тренерот на Евертон, Куман очекува првата ѕвезда на клубот да биде подготвен за наредниот натпревар на Евертон.

Лукаку пропушти патување на клубот во Дубаи на почетокот на неделата и замина во Белгија каде ги решава проблемите со повредата.

Куман вели дека повредата била откриена на натпреварот против Миделсброу во која Лукаку ги одигра сите 90 минути.

Лукаку веќе 10 денови има проблеми, но тој има голема доверба во докторот од Белгија и му даде одобрување дека може да замине таму за да оздрави. Очекуваме наскоро да се појави на тренинг.“

Лукаку во досегашниот дел од сезоната одигра 24 натпревари во ПЛ и постигна 16 голови и 4 асистенции.