Македонија со убедлив пораз од Шпанија

Репрезентативците на Македонија го забележаа вториот последователен пораз на Светското првенство за млади играчи кое се одржува во Алжир.

Шпанците предводени од најмалиот Душебаев со високи 36:25 славеа над момците на Темелковски.

Нашите репрезентативци со ваквиот развој на настаните ќе мора да одиграат барем реми против селекцијата на Бразил.

Натпреварот Македонија-Бразил на програмата е утре со почеток од 19 часот.