„Мекгрегор е скршен човек! Тој се плаши и не сака реванш со Нурмагомедов!“


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Ривалството меѓу екипите на Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор уште трае, а тоа го покажуваат и најновите закани и провокации од двете страни.

Најнов во серијата вербални напади е од менаџерот на Хабиб, Али Абделазиз, кој во интервју за медиумите повторно го провоцираше Ирецот, за кого вели дека се плаши од реванш.

„Мекгрегор не сака реванш. Тој не сака ништо. Неговиот татко исто така, како и неговата мајка и жена. Цела Ирска се плаши од Хабиб. Тие воопшто не знаат да го напишат зборот реванш на хартија“, порача Али.

Али тука не застана, па порача дека намерно Мекгрегор сака борба со некој друг борец, а не со Хабиб.

„Тие не сакаат ништо со Хабиб. Нив им одговараат борци како Кори Андерсон или некој како Сероун. Тоа се типови на кои влијаат психички игри. Но, јас ви велам, Сероун ќе го совлада Мекгрегор“, вели менаџерот на Нурмагомедов.