Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според италијанските медиуми, Интер сериозно загриза за хрватскиот репрезентативец и фудбалер на Атлетико Мадрид, Симе Вршаљко.
Симе Вршаљко би можел да се врати во Серија А во тимот на миланскиот гигант. Интер сериозно размислува за доведување на хрватскиот бек со опција за откуп после шест месеци бидејќи Интер уште не може да доведува фудбалер поради финансискиот ферплеј.
Вршаљко во летото се пресели од Сасуоло во Атлетико Мадрид за 16 милиони евра, но досега има одиграно само десетина натпревари за јорганџиите од кои четири во купот на кралот каде постигна еден погодок и запиша една асистенција.
Според италијанските медиуми, Вршаљко е незадоволен во Атлетико во кој на неговата позиција игра неприкосновениот Хуанфран.