Мириса на рекорд – Агуеро прави еден од најголемите трансфери?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Серхио Агуеро постојано се поврзува со заминување од Сити.

Гвардиола нема намера да го продаде 28-годишниот напаѓач, но по се изгледа дека тој ќе замине. Се поврзуваше со Реал Мадрид, но како што стојат работите, тој би можел да замине во Серија А.

Голем интерес за него покажа и Интер. Тие сакаат да се вратат во врвот на италијанскиот и европскиот фудбал, па во лето подготвија 400 милиони евра за засилувања.

Едно од имињата во Интер кое ќе дојде треба да е Агуеро. Тие се подготвени за него да платат 93 милиони евра, а тоа би било еден од најголемите трансфери во историјата.

Тој стигна во клубот од Атлетико, а му помогна на Сити да освои 2 шампионски титули во ПЛ.