Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дивок Ориги би можел да влезе во првиот план по повредата на Мане.
Тој на натпреварот против Евертон го замени Мане и веднаш постигна гол за конечни 3:1, а тоа беше негов 5-ти гол оваа сезона во ПЛ.
Ориги во Ливерпул стигна во 2014-та година, но никогаш не успеа да избори место во првиот тим.
Тој изјави дека тоа наскоро може да се смени и дека има голема самодоверба.
„Не сум само опција за иднината, туку и за сегашноста. Подготвен сум да бидам важен играч за Ливерпул и верувам дека тоа можат да бидат и тие. Се надевам дека ќе одиграм важна улога во завршницата на сезоната.“
Ориги настапи на 35 натпревари оваа сезона и постигна 9 голови.