„Монако не се плаши од атмосферата на стадионот на Јувентус“

Сидибе пред реванш натпреварот во ЛШ зборуваше за тоа дека не се плашат од атмосферата во Торино.

Јувентус во првиот натпревар победи со 2:0 против Монако, а реваншот се игра вечерва од 20:45 во Торино.

„Ако дојдеме тука, тоа е затоа што веруваме во себе и нашите шанси да се квалификуваме во финале.“

„Изгубивме во првиот натпревар, но ќе направиме се што е можно и ќе се бориме до крај. Разочарани сме по првата средба и мора да докажеме дека сеуште не сме победени.“

„Се грижиме за ова натпреварување и мораме да се обидеме.“

„Ќе ни биде потребна совршена игра. Тие се силен тим и потребен ни е вистински пристап. Игравме во Дортмунд, па така не се плашиме од атмосферата на стадионот на Јувентус.“