Монтела го сака Обамејанг, но има и резервно решение!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Винченцо Монтела веќе договара трансфери со новата управа на Милан, а еден од приоритетите во лето е напаѓач.

Бака најверојатно ќе замине од тимот и ќе се пресели во Кина, а на Монтела му е потребен голгетер.

Прв избор е Обамејанг од Дортмунд. Ако не успее да го донесе него, тогаш резервна опција е Џеко.

Џеко во моментов е најдобар стрелец во Серија А со 25 голови, а има и 7 асистенции.