Мората ги помина медицинските прегледи - наскоро потпишува со нов клуб! (ФОТО)

Шпанскиот фудбалер Алваро Мората ги помина медицинските прегледи пред трансферот во Атлетико Мадрид од Челси.

Мората по пристигнувањето во Мадрид веднаш замина на универзитетската клиника, а потоа ги доби резултатите и се пофали пред новинарите дека контролата поминала во ред.

Со тоа што ги помина медицинските прегледи, Мората во текот на денот ќе потпише договор со Атлетико, а потоа ќе биде и официјално претставен.

„Луѓето знаат од каде сум и ја знаат мојата приказна“, вели Мората.